logo
logo
logo

Корона реприза: Не чека нова пострашна пандемија?

Vecer | 11.02.2021

Корона реприза: Не чека нова пострашна пандемија?

Во новото издание на списанието Nature, светски научници тврдат дека Владите и приватниот сектор мора да инвестираат во истражување и развој на широко неутрализирачки антитела кои се ефикасни против повеќе соеви на вирусот.

Според научниците, светот може да доживее корона реприза.

Дури и пред да бидат регистрирани првите случаи на COVID-19, научниците биле свесни дека светот би можело да се соочи со некаква опасност, особено затоа што не сме подготвени за такво нешто. Но, COVID-19 покажа колку сме ранливи на вирусните мутации на овој вирус и се поставува прашањето колку би било тоа опасно во случај на нова пандемија.

Затоа, научниците советуваат дека истражувањето и подготовката на вакцини што можат да нè заштитат и одбранат во случај на такви закани треба да започнат што е можно побрзо.

Инвестирајте сега за во иднина

Во новиот коментар објавен во списанието Nature, научниците тврдат дека владите и приватниот сектор мора да почнат сега да инвестираат во истражување и развој на широко неутрализирачки антитела кои се ефикасни против повеќе соеви на вирусот.

 „Таквите антитела би можеле да бидат првата одбранбена линија во спречувањето или лекувањето на вирусите од одредено семејство, вклучувајќи и нови соеви што би можело да се појават“, објаснуваат Денис Бартон и Ерик Топол.

Тие и додаваат дека вакците антитела би можеле да користат за правење вакцини против бројни членови во семејство на вируси.

Истражувачите наведуваат дека светот имал среќа кога станува збор за COVID-19, бидејќи шилестиот протеин во SARS-CoV-2 вирусот го олесни правењето вакцини. Но, научниците предупредуваат дека следниот пат можеби нема да имаме толку среќа.

„Следниот патоген може да биде помалку прилагодлив, а производството на вакцини може да трае многу подолго. „Дури и SARS-CoV-2 би можел да стане попроблематичен поради појавата на нови соеви“, велат истражувачите.

За да се спречи ова во иднина, потребно е да се развијат вакцини против вируси дизајнирани околу широко неутрализирачки антитела кои индивидуално би можеле да бидат насочени кон приоритетни вируси, вклучително и потенцијално варијанти на вируси SARS-CoV-2, ХИВ, ебола, подвидови на грип итн.

Овој процес е исклучително тежок и скап, но истражувачите велат дека тој е секако поевтин од штетата што ја предизвика COVID-19 на глобално ниво.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk