logo
logo
logo

Корона, циклон, поплави и СТРАВ ОД УШТЕ КОРОНА

Vecer | 27.05.2021

Корона, циклон, поплави и СТРАВ ОД УШТЕ КОРОНА

Стотици илјади жители на брегот меѓу Индија и Бангладеш беа погодени од поплави, откако силниот циклон претходно усмрти најмалку пет лица.

Циклонот вчера помина низ источна индиска држава Одиша, со налет до 140 километри на час, зголемувајќи ги плимните удари, објави Ројтерс.

Хуманитарните работници доставуваа храна и вода до загрозените лица во 124 села во Одиша, изјави државниот службеник Суреш Махапатра.

Бурата, втора што ја погоди Индија, доаѓа во време кога земјата се бори со силен бран на коронавирусот, што го доведе до крах на здравствениот систем.

Околу 500.000 луѓе се засолнети во хуманитарни кампови во западен Бенгал, а властите велат дека ги презеле сите чекори за да се намали ризикот од потенцијално ширење на вирусот.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk