Кореите на состанок кон крајот на април

Северна и Јужна Кореја се подготвуваат за билатерален состанок закажан за крајот на април, соопшти официјален претставник од јужнокорејското Министерство за обединување.

„Двете страни спроведуваат комуникации за подготовка на интеркорејскиот состанок, но активната фаза од овие разговори ќе започне следната недела кога ќе биде формиран релевантниот комитет“, изјави Пак Хон за новинската агенција ТАСС и додаде дека претседател на комитетот ќе биде висок дипломат од Јужна Кореја.

Во мај ќе се оддржи и долгоочекуваната средба помеѓу севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун и американскиот претседател Доналд Трамп.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари