logo
logo
logo

„Коперник“: 2020 била досега најтоплата година во Европа

Vecer | 22.04.2021

„Коперник“: 2020 била досега најтоплата година во Европа


Лани во Европа е забележана најтоплата година откако се спроведуваат мерења, а Арктикот имаше лето со екстремни пожари, најмногу поради тенката снежна покривка, што се последици од интензивирањето на климатските промени, соопшти денеска службата за набљудување на ЕУ „Коперник“.

Службата за научно набудување на ЕУ објави дека просечната температура во Европа во 2020 година била највисока досега и за најмалку 0,4 Целзиусови степени пред следните пет најтопли години, од кои сите се регистрирани во последната декада, пренесува агенцијата „Ројтерс“.

„Температурите се во порастр во текот на сите годишни времиња во Европа“, вели Фреја Вамборг, виш научен советник во службата.

Таа исто така соопшти дека била забележана „спектакуларна“ година и на Арктикот, а како пример наведе дека рекорден број шумски пожари во текот на летото биле забележни на Сибир, за што најмногу придонеле високите температури и пониската снежна покривка.

Минатогодишната зима на арктичкиот Сибир била за 4,3 Целзиусови степени потопла од просечната зимска температура во периодот од 1981 до 2020 година, а во цела Европа за 3,4 во однос на истиот просек.

„Коперник“ исто така објави дека 2020 година е една од трите најтопли регистрирани години во целиот свет, со што се потврдија наодите објавени неделава од страна на Светската метеоролошка организација.


makfax.com.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk