logo
logo
logo

Копаат стари гробови, НЕМААТ МЕСТО ЗА ГОЛЕМИОТ БРОЈ ПОЧИНАТИ од корона (ВИДЕО)

Vecer | 02.04.2021

Копаат стари гробови, НЕМААТ МЕСТО ЗА ГОЛЕМИОТ БРОЈ ПОЧИНАТИ од корона (ВИДЕО)

Властите во најголемиот град во Бразил, Сао Паоло, забрзано ги празнат старите гробови за да направат место за зголемениот број на смртни случаи по инфекција на коронавирус.

Според официјалните лица, оваа недела е забележан рекорден број смртни случаи од коронавирус, пишува Би-Би-Си.

На снимките се гледа како маскирани работници во заштитна опрема копаат редови гробници на гробиштата Вила Формоза во Сао Паоло. Слични сцени може да се видат и на другите градски гробишта, а многу од нив остануваат отворени дури и по 22 часот.

Гробарите се приморани да го забрзаат процесот на рутинско расчистување на старите гробници за да има повеќе простор за секојдневниот прилив на нови трупови, од кои некои пристигнуваат во адаптирани училишни автобуси.

Во вторникот имаше повеќе од 400 погреби во Сао Паоло, најмногу од почетокот на пандемијата.

https://youtu.be/inERJSOpBbA

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk