Контроверзниот затвор Гвантанамо ќе работи уште најмалку 25 години

Затворот Гвантанамо, каде што повеќето затвореници се обвинети за вмешаност во нападите од 11. септември, би можел да функционира уште најмалку 25 години.

„Мора да се осигураме дека нашиот комплекс може да издржи уште 25 години“, изјави за новинарите адмирал Џон Ринг, која е управител на оваа контроверзна установа.

„По наредбата на претседателот Доналд Трамп за одржување на затворот во функција, ни беше кажано дека истиот ќе работи и следните 25 години или повеќе“, рече адмиралот за време на една од посетите на новинари кои редовно ги организира американската армија во енклавата на југоисточниот дел од кубанскиот остров, со цел јавно да се презентира хуманиот однос кон затворениците.

Трамп на крајот на јануари одлучи да го задржи Гвантанамо отворен, целосно кршејќи ги претходните обиди на неговиот претходик, Барак Обама, кои на крајот се покажаа како залудни, да го затвори затворот кој е често мета на критики од страна на активистите за заштита на човекови права. Критиките се главно поради тоа што неговите затвореници не ги судат цивилни судови, туку воени комисии. Нивните случаи предизвикаа правни полемики и се соочуваат со бескрајни поместувања на судските рокови.

Гвантанамо беше отворен во 2002 година, веднаш по првите апсења на џихадисти во рамките на американската интервенција во Авганистан по нападите од 11. септември, 2001 година.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари