logo
logo
logo

Контра удар на Кина, лидерите на Г7 ќе бараат нова истрага за ПОТЕКЛОТО НА КОРОНАТА

Vecer | 10.06.2021

Контра удар на Кина, лидерите на Г7 ќе бараат нова истрага за ПОТЕКЛОТО НА КОРОНАТА

Лидерите на самитот Г7 ќе повикаат на нова, транспарентна истрага на Светската здравствена организација за потеклото на Корона вирусот, се вели во нацрт соопштението за состанокот, кое протече во јавноста.

Барањето е иницирано од администрацијата на Бајден и следи по одлуката на американскиот претседател да ја прошири американската истрага за потеклото на пандемијата, при што една разузнавачка агенција тежнее кон теоријата дека вирусот избегал од лабораторијата во Вухан.

Широкиот консензус на научните експерти останува дека најверојатното објаснување е дека Ковид-19 природно се пренел на луѓето од животински домаќин. Теренската истрага на СЗО на почетокот на оваа година заклучи дека е „крајно малку веројатно“ дека пандемијата започнала во лабораторија.

Според „Блумберг њуз“, кој имаше пристап до нацрт-изјавата, Г7, исто така, ќе се обврзе да испорача една милијарда дополнителни дози од вакцините против „Ковид-19“ во текот на следната година за да се забрза глобалната заштита од оваа болест.

Според извештајот на Блумберг, соопштението за оваа година ќе содржи заклетва за борба против присилната работа во глобалните синџири на снабдување, особено таму каде што се злоупотребува трудот на малцинствата.

Во јасниот контранапад на Кина, заложбата ќе ги принуди лидерите на ЕУ, САД, Канада, Јапонија и Велика Британија да преземат мерки против Пекинг по злоупотребата на ујгурските муслимани во Ксинџијанг.

Доколку ЕУ и Соединетите држави ги усогласат своите позиции во однос на Кина, тоа ќе и даде ветер на грбот на администрацијата на Бајден, која бара сојузници кои би ги поддржале против Пекинг, но исто така нагласува дека не сакаат да присилат никого да избере страна.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk