logo
logo
logo

Конечно се огласи кралицата: Еве ја нејзината реакција по интервјуто на Хари и Меган!

Vecer | 09.03.2021

Конечно се огласи кралицата: Еве ја нејзината реакција по интервјуто на Хари и Меган!

Проблемот со расизмот што го покренаа војводата и војвотката од Сасекс е многу загрижувачки и семејството ќе го решава во приватност, соопшти Бакингамската палата ден по нивното интервју со Опра Винфри.

„Сеќавањата може да варираат, но тврдењата изречени во интервјуто со Опра Винфри ги земаме многу сериозно. Војводата и војвотката од Сасекс секогаш ќе бидат сакани членови на семејството“, кажаа од британското кралско семејство.

Бакингамската палата се најде под притисок да одговори на тврдењата на Меган Маркл дека еден член на кралското семејство се интересирал колку темна кожа ќе има нејзиниот син Арчи. Принцот Хари надвор од интервјуто ѝ рекол на Винфри дека тоа не било кажано од кралицата Елизабета Втора и нејзиниот сопруг, принцот Филип.

Во интервјуто, Меган откри дека ѝ било многу тешко да живее како член на британското кралско семејство, од кое не добила помош кога ѝ била потребна и дури размислувала за самоубиство.

„Целото семејство е тажно откако дозна колку тешки и предизвикувачки биле изминативе години за Хари и Меган. Проблемот со расизмот е особено загрижувачки“, соопшти палатата.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk