logo
logo
logo

ПОЛИТИЧКИ ЗЕМЈОТРЕС: Комунистите го освоија Грац!

Vecer | 26.09.2021

ПОЛИТИЧКИ ЗЕМЈОТРЕС: Комунистите го освоија Грац!

Фото: Кандидатката на Комунистичката партија на Австрија, Елке Кар, учествуваше во изборот за избор на градоначалник во Грац

Политички земјотрес се случи на денешните локални избори во Грац, главниот град на австриската провинција Штаерска, бидејќи Комунистичката партија на Австрија (КПО) извојува чиста победа.

Според првите резултати, врз основа на дел од пребројаните гласови, КПО освоила 29 отсто од гласовите и со тоа го има првото место во овој град, известуваат медиумите во регионот.

На второ место е Народната партија на Австрија со 26 проценти од гласовите, што е за 12 проценти помалку отколку на изборите во 2017 година. Зелените се на третото место со 17 проценти од гласовите, додека Социјалдемократската партија е на четвртото место со само 9,8 проценти од гласовите.

Врз основа на овие резултати, Елке Кар би можела да стане првиот комунистичка градоначалничка во Австрија.

– Да се ​​биде градоначалник не беше во моите животни планови – рече таа во првата реакција и посочи дека може да замисли коалиција со Зелените и со СДП.

Поранешниот градоначалник на Грац, Зигфрид Нагл, кој раководеше со градот 18 години, рече дека е повреден од најлошиот резултат што неговата партија го постигнала во градот.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk