logo
logo
logo

Компанијата „Модерна“ ќе ја преполови дозата на вакцината против ковид

Vecer | 02.06.2021

Компанијата „Модерна“ ќе ја преполови дозата на вакцината против ковид


Американската фармацевтска компанија „Модерна“ наскоро ќе ја преполови дозата на својата вакцина против Kовид-19, за да може да се користи во борбата против другите видови коронавирус и при вакцинирање на деца.

Компанијата „Модерна“ постигна договор со швајцарскиот производител на лекови „Лонза“, кој објави дека новата линија за производство на супстанција за вакцина во холандскиот град Гелен, ќе има капацитет за производство на состојки за 300 милиони дози годишно од 50 микрограми по доза, пренесува „Ројтерс“.

„Претпоставуваме дека до 2022 година ќе имаме комбинација од нивоа на дози на пазарот“, изјави портпаролката на „Модерна“ откако „Лонза“ го најави новото производство.

Компанијата „Модерна“ досега испорачуваше одобрена доза од 100 микрограми.

Целта на „Модерна“ е да испорача до три милијарди дози од својата вакцина во 2022 година, што е повеќе во однос на 800 милиони до 1 милијарда дози планирани за оваа година.


makfax.com.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk