logo
logo
logo

Колкy заработи „Фајзер“ оваа година од вакцини против коронавирус

Vecer | 04.05.2021

Колкy заработи „Фајзер“ оваа година од вакцини против коронавирус


Минатата година, во трката за развој на вакцина против Ковид-19, компанијата „Фајзер“ донесе голема одлука. За разлика од конкурентите, кои се заколнаа дека ќе се откажат од профитот на сопствените вакцини за време на пандемијата на коронавирусот, „Фајзер“ го планираше токму спротивното, пишува „Њујорк Тајмс“.

Производителот на лекови со седиште во Њујорк и германскиот партнер за вакцини „БиоНТек“ објавија продажба на вакцини од 3,46 милијарди долари во првите три месеци, а сега предвидуваат продажбата да достигне околу 26 милијарди долари во 2021 година, а не околу 15 милијарди долари, како што беше предвидено претходно, пренесува АП.

Двете компании очекуваат наскоро да добијат одобрение во САД и ЕУ за давање вакцина на деца на возраст од 12 до 15 години, исто така продолжуваат да тестираат вакцини за други категории на пациенти и работат на развој на нови верзии на вакцини кои имаат подолг рок на траење и не бараат ултра складирање.

За разлика од, на пример, „Модерна“, вакцината на „Фајзер“ не е клучна за деловната активност на оваа компанија. Минатата година, „Фајзер“ оствари профит од 9,6 милијарди долари, пред вакцината против вирусот корона да има некакво влијание врз нејзините резултати, пишува „Њујорк Тајмс“.

Од „Фајзер“ велат дека, дури и без продажба на вакцини, компанијата е на пат да ја постигне својата цел да ги зголеми приходите за најмалку 6 проценти секоја година до 2025 година. Компанијата соопшти дека оваа година може да произведе две милијарди дози вакцини, вклучувајќи 200 милиони дози ветени на САД до крајот на мај.


makfax.com.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk