logo
logo
logo

Колку долго ќе трае „Женева ефектот“? Амбасадорите се вратија во Вашингтон и Москва

Vecer | 22.06.2021

Колку долго ќе трае „Женева ефектот“? Амбасадорите се вратија во Вашингтон и Москва

Никој не очекуваше поголемо обновување на односите или нешто слично кога минатата недела се состанаа Џо Бајден и Владимир Путин во Женева, згора на тоа, некои веројатно се надеваа на „конфликт“ меѓу двајцата, но состанокот сепак се одржа во цивилизиран и дипломатски тон , дури и „срдечен“ ќе речат некои.

Беше направен конкретен чекор напред, сепак, за почеток, амбасадорите беа вратени во Москва и Вашингтон по 3 месеци.

Рускиот амбасадор Анатолиј Антонов изјави, откако вчера се врати во Вашингтон, дека се враќа во САД со „оптимистичко расположение“.

Слични изјави доаѓаат од неговиот американски колега Џон Саливан, кој рече дека се надева на „стабилни и предвидливи односи“ меѓу САД и Русија по враќањето во Москва.

Но, прашањето е колку долго ќе трае овој претпазлив оптимизам.

Имено, истиот ден, советникот за национална безбедност на американскиот претседател Бајден, Џејк Саливан, изјави за Си-Ен-Ен дека Соединетите држави веќе подготвуваат „нови санкции против Русија“ поради труењето на рускиот опозициски актер Алексеј Навални (Москва негира каква било одговорност).

Се разбира, таквиот потег би предизвикал и реципрочни руски потези и ова кратко затоплување во односите би можело брзо да се врати во препознатлива и опасна надолна траекторија.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk