Која е првата жена на чело на ЦИА во историјата на САД! (Видео)

Прва жена во историјата на САД, ќе биде именувана за директор на ЦИА, Џина Хаспел, е професионален обавештаец...

Хаспел е член на ЦИА од 1985 година и била шеф на Оделението за испостава на таа обавештајна агенција во странство.

Прва жена во историјата на САД, која ќе биде именувана за директор на ЦИА, Џина Хаспел, е професионален обавештаец, која некогаш била задолжена за затворот на ЦИА во Тајланд позната по остри методи во испарашување на затворениците.

 

Хаспел, во изминатиот период вршела должност заменик директор на ЦИА, помагала во извршување на наредби да се уништата видео снимките од испрашување на затворениците со полевање вода, поради што Министерството за правда подигнало истрага која завршила без обвинение, пренесува АП.

Во Вашингтон извршувала неколку важни раководни функции, вклучувајќи и заменик директор на ЦИА и заменик на националните тајни обавештајни служби и доверливи задачи.

Нејзината работа пофалена е од ветераните на обавештајните служби, вклучувајќи го и бившиот директор на Националната обавестувачка служба Џејмс Клапер кој наводно е сменет.

Истовремено, нејзиното именување ја вознемири Американската унија за граѓанска слобода и други борци за човекови права кои сметаат дека е вознемирувачки тоа што Трамп за местото директор на ЦИА одбрал некој кој применува груб методот на исптшување.

Поврзани

Најнови вести

Коментари