logo
logo
logo

Која држава НАЈМНОГУ КУПУВА РУСКО ЗЛАТО

Vecer | 06.05.2021

Која држава НАЈМНОГУ КУПУВА РУСКО ЗЛАТО

Рускиот извоз на злато во март скокна за 220% на годишно ниво, на 26,5 тони, достигнувајќи вредност од скоро 1,5 милијарди долари.

Ова го покажуваат податоците на Руската федерална царинска управа.

Извозот на овој благороден метал е 2,3 пати поголем во март од претходниот месец, пренесува Раша Тудеј.

Велика Британија е сè уште најголем купувач на руско злато, со купени 21,1 тон во вредност од 1,2 милијарди долари.

Сепак, од податоците не е јасно дали откупеното злато ќе остане во Велика Британија или ќе се продава на други земји, бидејќи Лондон е важен светски центар за трговија и складирање на благородни метали.

Според статистичките податоци, околу 1,5 тони руско злато биле извезени во Турција и Индија, а меѓу купувачите злато од Русија биле Казахстан, Швајцарија, Ерменија и други земји.

Вкупно, извозот на руско злато во првиот квартал од 2021 година изнесува 51,8 тони и вредеше 3,0 милијарди долари. Што се однесува до количината, тоа е зголемување за 72 проценти во споредба со истиот период во 2020 година.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk