logo
logo
logo

Кој ЗАРАБОТИЛ НА ХРАНА за украинската армија?

Vecer | 24.01.2023

Кој ЗАРАБОТИЛ НА ХРАНА за украинската армија?

Во Украина, заменик министерот за одбрана Вјачеслав Шаповалов поднесе оставка поради „медиумски обвинувања“ за корупција, разрешен е заменик државниот обвинител Олексеј Симоненко, а оставка поднесе и заменик-началникот на кабинетот на украинскиот претседател Кирило Тимошенко.

Шаповалов, кој е задолжен за снабдување на војниците со храна и опрема, се повлече од функцијата заменик-министер за одбрана по „медиумските обвинувања“ за корупција, за кои тој и министерството рекоа дека се неосновани, објави Ројтерс.

Како што соопшти Министерството за одбрана на својата веб-страница, Шаповалов оставката е „достоен чин“, кој ќе помогне да се зачува довербата во министерството.

Кога станува збор за смената на заменикот државен обвинител, во соопштението на обвинителството не е образложена таа одлука, но било наведено дека е направено во согласност со неговата желба, пренесува Гардијан.

Британската агенција оценува дека украинскиот кабинет е погоден од корупциски скандал, пренесува Танјуг Заменик-шефот на кабинетот на украинскиот претседател Кирило Тимошенко претходно денеска соопшти дека поднел оставка.

Како што напиша на апликацијата Телеграм, тој побарал од шефот на државата Володимир Зеленски да го ослободи од должноста, пренесе Ројтерс.

Му благодарам на претседателот на Украина Володимир Зеленски за довербата и можноста да прави добри дела секој ден и секоја минута“, напиша Тимошенко.

Според извори на „Украинска Правда“, неговото место би можел да го заземе шефот на управата на киевскиот воен округ Олексеј Кулеба.

Шефовите на воените регионални администрации на Суми, Дњепропетровск, Запорожје и Керсон наскоро ќе поднесат оставки, пишува украински весник Во неодамнешното обраќање претседателот на Украина најави многу „кадровски решенија“ на сите нивоа на власт и во безбедносните сили.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk