logo
logo
logo

Кој производител на вакцини НАЈМНОГУ СКОКНА НА БЕРЗАТА

Vecer | 28.04.2021

Кој производител на вакцини НАЈМНОГУ СКОКНА НА БЕРЗАТА

Фармацевтските компании и производители на вакцини забележаа импресивни резултати во 2020 година.  Кога зборуваме за ковид-19 и вакцинација, станува збор за многу компании кои работеа интензивно на развој, производство и дистрибуција на вакцини во претходните месеци, но некои од нив се истакнаа.

Успехот се рефлектираше и на резултатите на берзата и како сега котираат акциите на Синофарм (Кина), на Фајзер (САД) и БиоНТек (Германија), потоа Модерна (САД), АстраЗенека (британско-шведска вакцина)?

Акциите на кинеската вакцина Синофарм според MarketWatch, имаат вредност од околу 3 долари, со раст од 15% во изминатите 12 месеци.

Кога станува збор за параметарот YTD (година до денес), кој се однесува на почетокот на фискалната година до денес, има подобрување од 22,6 проценти.

Позади руската вакцина Спутник В стои „Институт за истражување на епидемиологија и микробиологија Гамалеја“, во рамките на Министерството за здравство на Руската Федерација, и се наоѓа во Москва.

Бидејќи оваа вакцина доби „зелено светло“ за итна употреба во Индија, акциите на локалната фирма „Dr. Reddy’s Laboratories“ скокнаа за 4 проценти.

Акциите на Фајзер, според последните податоци вредат околу 38 долари, а MarketWatch известува дека компанијата во претходните 12 месеци остварила раст од 6,4 проценти. Според параметарот YTD, тој е 4,4%.

Партнерот на „Фајзер“ во развојот и дистрибуцијата на вакцини, германски „БиоНТек“, бележи значително подобар напредок од минатата пролет. Има раст од 277%, а според параметарот YTD - 112 проценти, со една акција во вредност од околу 173 долари.

Модерна  на  MarketWatch е наведена на следниов начин: вредноста на акциите е околу 182 долари, а растот во претходните 12 месеци е неверојатни 300%, поточно 295 проценти. Параметарот YTD говори за плус 75,56%.

За една година, од пролетта 2020 година до сега, ЗастраЗенека се подобри за 3,25%, но се рангира подобро според параметарот YTD (4,76%). Цената на акцијата е околу 52 американски долари.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk