logo
logo
logo

Кој ќе победи, БИТКОИН ИЛИ ИЛОН МАСК?

Vecer | 24.05.2021

Кој ќе победи,  БИТКОИН ИЛИ ИЛОН МАСК?

Распродажбата на биткоин, која започна во средината на минатата недела, продолжи за време на викендот. Дали најпознатата криптовалута ќе ги победи своите „противници“?

До распродажба дојде откако властите во Кина и САД објавија дека почнуваат да ги заоструваат регулативите и да ги усогласуваат даноците за крипто-валутите.

Биткоинот падна за 16 проценти во неделата, на 31,772,43 долари, според Coin Metrics.

Со најголемата криптовалута во петокот во светот се тргуваше по цена од 35.981,20 долари, потсетува CNBC.

Продажбата на биткоин претставува голем пресврт од претходниот тренд, кога оваа дигитална валута зајакна силно како резултат на поддршката меѓу големите банки на Вол Стрит и компаниите кои јавно тргуваат.

Овој месец, сепак, сè се преврте наопаку по низата негативни наслови поврзани со изјавите на влијателни инвеститори и бизнисмени, како што е шефот на „Тесла“, Илон Маск и одлуките на државните регулаторни тела.

Етер забележа уште поостар пад во неделата, во еден момент падна за цели 18 проценти на 1.922 долари, што е за 60 проценти под неговата рекордна вредност регистрирана претходно овој месец, од 4.382,73 долари, пренесува MarketWatch.

Според најновите достапни податоци, етер тргува со 2.033 долари, што е за 13 проценти помалку.

Популарна мим валута, доџкоин се тргува по цена од 29 центи, исто така 60 проценти под највисокото ниво од околу 74,07 центи, што го достигнана почетокот на мај.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk