logo
logo
logo

КОЈ Е ВИТАЛИЈ ГРЕЧИН, фраерот кого го следат ГОЛИ манекенки, а тој вели: ЈАС СУМ СЕМЕЕН ЧОВЕК?

Vecer | 10.05.2021

КОЈ Е ВИТАЛИЈ ГРЕЧИН, фраерот кого го следат ГОЛИ манекенки, а тој вели: ЈАС СУМ СЕМЕЕН ЧОВЕК?

Фотографијата со големи манекенки на балкон од хотел во Дубаи предизвика скандал од светски размери, а за се е виновен Виталиј Гречин 41-годишен плејбој и украински богаташ.

Фотката ги преплави социјалните мрежи, а Обединетите Емирати ги уапсија манекенките под обвинение за јавен разврат и порнографија. Освен парична казна им се заканува и затвор од 6 месеци.

Деновиве се пишува и дека им се заканува депортација, како и дека се работи на нивната одбрана.

 

КОЈ Е ВИТАЛИЈ ГРЕЧИН?

 

Виталиј Гречин (41) е плејбој и украински бизнисмен со американски пасош. На неговите социјални мрежи има фотографии кои сведочат дека се дружел со Барак Обама, Хилари Клинтон, Џорџ Клни... А постојат и докази за донација за кампањата на Обама во 2011 година.

Се зборува дека Виталиј славел роденден, па манекенките прво славеле со него во одморалиште на Карпатите, а потоа дошле и во Дубаи.

Меѓу уапсените освен манекенките се нашол и Виталиј кој уште бил и позитивен на Ковид-19, па сега е во изолација. Рекол дека нема ништо скандалозно на спорната фотографија и дека само се собрала група пријатели која живее одреден стил на живот.

Тој додал и дека е „скромен, семеен човек“ кој има сопруга и 13-годишен син, како и дека ова негово патување не се разликувало многу од претходните кога со пријателите патувал на Малдивите, Турција или Мексико.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk