logo
logo
logo

Кој е најголем купувач на руското злато?

Vecer | 06.05.2021

Кој е најголем купувач на руското злато?


Извозот на злато во Русија во март годинава скокна за 220 проценти на годишно ниво, на 26,5 тони, достигнувајќи вредност од речиси 1,5 милијарди долари, покажуваат податоците на Руската федерална царинска управа.

Извозот на тој благороден метал беше 2,3 пати поголем во март од претходниот месец, пренесува „Раша Тудеј“, повикувајќи се на податоците и извештајот за царина.

Велика Британија е сè уште најголем купувач на руско злато, со купени 21,1 тон во вредност од 1,2 милијарди долари.

Податоците, сепак, не покажуваат дали откупеното злато ќе остане во Велика Британија или ќе се продава на други земји, бидејќи Лондон е важен светски центар за трговија и складирање на благородни метали.

Според статистичките податоци, околу 1,5 тони руско злато биле извезени во Турција и Индија, а меѓу купувачите на „жолт“ метал од Русија биле Казахстан, Швајцарија, Ерменија и други земји.

Вкупно, извозот на руско злато во првиот квартал од 2021 година изнесувал 51,8 тони и вредел 3 милијарди долари. Што се однесува до количината, тоа е зголемување за 72 проценти во споредба со истиот период во 2020 година.


makfax.com.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk