logo
logo
logo

Кого Германците ГО САКААТ ПОВЕЌЕ ОД МЕРКЕЛ?

Vecer | 13.04.2021

Кого Германците ГО САКААТ ПОВЕЌЕ ОД МЕРКЕЛ?

Среде борбата за кандидат на ЦДУ/ЦСУ за иден канцелар на Германија, истражувањето на јавното мислење покажува дека Маркус Зедер е моментално најпопуларен.

Зедер е шеф на ЦСУ и премиер на Баварија

Многу политичари ширум Европа и се восхитуваат на популарноста на Ангела Меркел, но сега таа е претекната од Зедер, кој се бори со шефот на ЦДУ, Армин Лашет, за функцијата кандидат за иден канцелар на Унијата.

ЦДУ го сака Лашет за кандидат за ЦДУ / ЦСУ, но Зедер не попушта и конечната одлука може да падне до крајот на неделава.

Истражувањето на ИНСА покажува дека Зедер е моментално најпопуларниот политичар. Патем, ова не е прв пат Зедер да ја надмине Меркел по популарност.

Претходно ја помина минатото лето.

Лашет, пак, е само на 12-то место според популарноста на водечките политичари во земјата. Од последното истражување, тој падна за дури девет места. Пред него е дури и неговиот противник во трката за шеф на ЦДУ, Фридрих Мерц.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk