logo
logo
logo

„Кога има можност за ПРЕГОВОРИ, ТРЕБА ДА СЕ ИСКОРИСТИ“

Vecer | 10.11.2022

„Кога има можност за ПРЕГОВОРИ, ТРЕБА ДА СЕ ИСКОРИСТИ“

Началникот на Здружениот Генералштаб на американската армија, генерал Марк Мили, рече дека можеби има можност да се преговара за крај на конфликтот меѓу Киев и Москва.

Според неговото мислење, тој момент може да дојде кога ќе се стабилизираат линиите на фронтот во Украина. Тој верува дека тоа може да се случи во зима.

„Кога има можност за преговори, кога е можно да се постигне мир, тоа треба да се искористи“, рече Мили на настан во Економскиот клуб во Њујорк, според Си-Ен-Ен.

Тој нагласи дека Соединетите Американски Држави ќе продолжат да ја вооружуваат Украина доколку преговорите не се одржат или не успеат.

„Мора да има взаемно признавање дека воената победа во вистинска смисла на зборот не може да се постигне со воени средства, затоа мора да се свртат кон други средства“, заклучи тој.

Зеленски претходно потпиша указ за стапување во сила на Одлуката на Советот за национална безбедност и одбрана на Украина за неможност за преговори со рускиот претседател Владимир Путин. Тој исто така изјави дека Украина нема да преговара со Русија додека Путин е нејзин претседател.

Рускиот претседател Владимир Путин на крајот на октомври изјави дека Русија е подготвена за преговори за Украина и го повика Киев веднаш да ги прекине сите борбени операции.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk