logo
logo
logo

Коалицијата на ирачкиот премиер ал-Судани победи на параментарните избори

Vecer | 13.11.2025

Коалицијата на ирачкиот премиер ал-Судани победи на параментарните избори

Судани, кој е на власт од 2022 година, се бори за втор мандат и води кампања како лидер „способен да донесе стабилност во земјата по години политички и економски кризи“, објави „Скај њуз“.

Неговата коалиција освои 1,32 милиони гласови, со излезност од 56,1 процент, соопшти изборната комисија.

Прослави се организираа во Багдад по објавувањето на прелиминарните резултати.

Аналитичарите велат дека резултатот не гарантира дека Судани ќе остане на власт, бидејќи ниту еден политички блок не освои мнозинство во парламентот, а формирањето нова влада ќе бара коалициски разговори.

Зборувајќи во телевизиско обраќање, Судани рече дека „излезноста на гласачите е доказ за успех и обновена доверба во политичкиот систем“.

Во текот на оваа година, Судани го посети Лондон, каде што преговараше за договори во областите на економијата и дипломатијата, нагласувајќи дека „Ирак ја одржува стабилноста и нема да дозволи ниту една страна да диктира одлуки помеѓу мирот и војната“. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk