logo
logo
logo

Клуге: Во Европа секоја минута 160 новозаразени од коронавирус

Vecer | 15.04.2021

Клуге: Во Европа секоја минута 160 новозаразени од коронавирус


Директорот на Светската здравствена организација за Европа, Ханс Клуге, денес објави дека бројот на смртни случаи од ковид во Европа минатата недела надмина еден милион пациенти.

„Минатата недела надминавме еден милион потврдени смртни случаи во европскиот регион. Ситуацијата во нашата земја е сериозна: ние бележиме 1,6 милион нови случаи секоја недела, што е 9.500 на час или 160 лица во минута”, рече Клуге во изјавата.

Тој додаде дека само кај најстарите има пад на бројот на заболени.

„Во претходните два месеци, трендот кај луѓето постари од 80 години е променет во споредба со сите други возрасни групи, веројатно се должи на големиот број вакцинирани кај ризичните групи. Од февруари, бројот на луѓе кои умираат од ковид над возраст од 80 години постепено опадна за 30 проценти, што е најниско ниво од почетокот на пандемијата”, открива Клуге.

Бројот на хоспитализирани се уште е голем во добар дел од Европа, вели тој.

„Овој април, приемите во болницата и единиците за интензивна нега во Франција го достигнаа највисокото ниво од минатата година. Постојат мали индикации дека пренесувањето е забавено во некои земји. Да бидеме јасни, раните знаци на намалување не се исти со ниските стапки на пренесување на коронавирус.Заразноста мора да се намали на ниско ниво, со вложување на нашата енергија и отпор да го победиме вирусот“, заклучи Клуге.


makfax.com.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk