logo
logo
logo

ЌЕ СЕ „ГРЕЈАТ“ НА 19 СТЕПЕНИ, зградите и спомениците нема да се осветлуваат - Сериозни мерки во Германија

Vecer | 13.08.2022

ЌЕ СЕ „ГРЕЈАТ“ НА 19 СТЕПЕНИ, зградите и спомениците нема да се осветлуваат - Сериозни мерки во Германија

Температурата во јавните згради во Германија не треба да биде поголема од 19 степени.

Ова го изјави министерот за економија Роберт Хабек објавувајќи ја регулативата за заштеда на енергија.

„Ќе објавиме прописи според законот за безбедност на енергија“, изјави Хабек за Ziddeutsch Zeitung.

Зградите и спомениците, додаде, повеќе нема да се осветлуваат ноќе, а истото важи и за рекламите.

Хабек најави и поголеми заштеди на работните места, додавајќи дека за тоа разговара со Министерството за труд и социјалните партнери.

Поради намалувањето на испораките на гас од Русија, тој минатиот месец ги претстави клучните точки од новиот пакет за заштеда на енергија.

Тој посочи дека е важно да се намали потрошувачката на гас во компаниите, деловните згради и приватните домаќинства.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk