logo
logo
logo

ЌЕ ОДИ НА ТРЕТА СРЕЌА: Ле Пен во обид да го турне Макрон со нејзината трета кандидатура

Vecer | 14.09.2021

ЌЕ ОДИ НА ТРЕТА СРЕЌА: Ле Пен во обид да го турне Макрон со нејзината трета кандидатура

Лидерката на француската десничарска партија „Национален собир“, Марин Ле Пен, започна кампања за претседател на Франција, и ова е трет пат да се кандидира за претседател на државата.

На собирот, таа го нападна актуелниот претседател Емануел Макрон за воведување „општество под надзор и полиција“ и вети дека ќе биде „претседател на француските слободи“, пренесуваат медиумите.

„Владата ја продлабочи поделбата во однос на изгледот и методите на управување, како да нема доволно поделби во земјата“, рече Ле Пен.

Претседателските избори во Франција треба да се одржат во април следната година, а според досегашните истражувања, Ле Пен ќе загуби од Макрон.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk