logo
logo
logo

Кисинџер: Ова може да се заврши на три начини

Vecer | 01.07.2022

Кисинџер: Ова може да се заврши на три начини

Вашингтон -- Украинската криза може да заврши на три начини, изјави поранешниот американски државен секретар Хенри Кисинџер за весникот „Спектатор“.

Според неговото мислење, првото сценарио подразбира руска контрола над поголемиот дел од Донбас, со неговиот главен индустриски и земјоделски регион и појасот на земјата долж Црното Море.

„Ако застане на сегашните позиции, тоа ќе биде победа (за Русија). Во тој случај, улогата на НАТО нема да биде пресудна како што претходно се мислеше“, оценува Кисинџер, пренесува Спутник.

Друго сценарио, објаснува тој, би бил обид да се „истисне“ Русија од Крим, кој беше обединет со Русија многу пред почетокот на специјалната воена операција.

Кисинџер смета дека ова сценарио може да доведе до ескалација на конфликтот. Ако продолжат воените операции, „ќе се зголеми ризикот Западот да се најде во војна со Русија“, посочи тој.

Третото сценарио, според дипломатот, предвидува враќање на ситуацијата до 24 февруари, односно до почетокот на специјалната операција.

„Нерешените прашања ќе се решаваат со преговори. Ситуацијата веројатно ќе биде замрзната уште некое време“, заклучи поранешниот државен секретар на САД.

Кисинџер претходно изјави дека Украина треба да и отстапи територија на Русија за да го прекине конфликтот.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk