logo
logo
logo

Кипар го затвори воздушниот простор за летови од Белорусија

Vecer | 31.05.2021

Кипар го затвори воздушниот простор за летови од Белорусија


Кипар го затвори својот воздушен простор за летови од Белорусија, придружувајќи им се на другите членки на ЕУ кои воведоа такви ограничувања, откако белоруските власти извршија принудно слетување на патнички авион во Минск на 23 мај и го уапсија новинарот Роман Протасевич, кој беше во него.

Кипарските воздухопловни власти забранија авиокомпании регистрирани во Белорусија да го користат кипарскиот воздушен простор и аеродромите од 28 мај, изјави денеска портпаролот на Министерството за транспорт.

На авиокомпаниите регистрирани на Кипар им е забрането и влегување во белорускиот воздушен простор или летање од и кон Белорусија.

Сите летови кон Белорусија се прекинати. Ограничувањата се применуваат во случај на хуманитарна или медицинска потреба, пренесува „Ројтерс“.


makfax.com.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk