Политиката како наследен фактор

Кинезите оплодуваат вештачки, но спермата да биде од комунисти

Банка за сперма во кинескиот главен град Пекинг инсистира потенцијалните донатори да „ја сакаат социјалистичката татковина и раководството на Комунистичката партија".

Објавувајќи ја листата на барања за донатори на својот профил на социјалните медиуми, Третата болница на Универзитетот во Пекинг вели дека од нив исто така се бара да бидат „лојални на задачите на партијата, да бидат пристојни, да ги почитуваат законите и да немаат никакви политички проблеми".

За да бидат успешни, тие исто така мора да бидат постари од 20 години и да не покажуваат знаци на губење на косата, на непрепознавање бои или проблеми со тежината.

Тие се подложени на два круга тестови - еден што го проверува квалитетот на нивната сперма и втор за општото психичко и физичко здравје.

Оние што поминале на тестовите може да очекуваат да им бидат платени 200 јуани (23 фунти) веднаш и 5.500 јуани (620 фунти) откако ќе ја донираат својата сперма.

Се чини дека ова не е тест за проверка на политичката лојалност на донаторите, вели Индипендент.

Лекар на телефонската линија на болницата за Саут Чајна морнинг изјави дека нема да има дополнителни тестови за политички потреби сè додека донаторите се сметаат себеси за „соодветни".

Побарувачката на донирана сперма се зголеми откако Пекинг во 2015 година ја олабави својата политика за едно дете, дозволувајќи им по две деца на повеќето семејства.

Кина ја забранува продажбата на човечка сперма, а жените што бараат третман за плодност мора да користат непрофитни банки за сперма.

Поврзани

Најнови вести

Коментари