logo
logo
logo

Кинезите бараат СЗО да испита дали коронавирусот настанал во Америка

Vecer | 28.07.2021

Кинезите бараат СЗО да испита дали коронавирусот настанал во Америка


Повеќе од 15 милиони корисници во Кина потпишаа онлајн петиција за истрага на лабораторијата „Форт Детрик“ во Соединетите Американски Држави како можен извор на коронавирус.

Петицијата е иницирана од кинескиот „Глобал тајмс“, а од Светската здравствена организација (СЗО) се бара да го испита овој случај.

Во петицијата се додава дека е оправдано силното барање на меѓународната заедница да ја испита лабораторијата „позната како најтемниот експериментален центар на американската влада“.

СЗО треба да го почитува јавното мислење и темелно да го испита „Форт Детрик“ и повеќе од 200 американски прекуокеански биолошки лаборатории, се наведува во коментарот.

Своите сомнежи Кинезите ги поткрепуваат со информациите дека во август 2019 година, во Мериленд се појавиле случаи на белодробни заболувања, кои тогаш биле поврзани со употребата на електронски цигари. После тоа, Медицинскиот институт за инфективни болести на американската армија во „Форт Детрик“ бил ненадејно затворен, а властите одбиле да бидат објавени повеќе информации, наведувајќи ја „националната безбедност“ како причина.


makfax.com.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk