logo
logo
logo

Кинез заразен со нов вид на птичји грип: нема опасност од епидемија

Vecer | 01.06.2021

Кинез заразен со нов вид на птичји грип: нема опасност од епидемија


Четириесет и едногодишен маж од источната кинеска провинција Џагсу е заразен со нов вид птичји грип наречен Х10Н3, кој е помалку опасен од другите, соопшти денеска Кинеската национална комисија за здравство (НХЦ).

Жител на градот Џенџијанг е хоспитализиран на 28 април, откако доби висока температура и уште неколку други симптоми, наведе НХЦ.

Еден месец подоцна, на 28 мај, било утврдено дека има птичји грип, но деталите за тоа како мажот се заразил со вирусот не се познати, објави „Ројтерс“.

Х10Н3 е помалку опасен вид, така што ризикот од епидемија е многу мал, додаде НХЦ.

Човекот е стабилен и подготвен да биде отпуштен од болницата, а со следење на неговите контакти, не се откриени други случаи.

Постојат неколку видови на птичји групи во Кина, а понекогаш се случува да се појави и зараза, но поголем број на заразени нема од 2016-2017 година, кога од видот Х7Н9 починаа околу 300 лица.


makfax.com.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk