logo
logo
logo

Кинескиот шеф на дипломатијата: Никој не смее да се меша во внатрешните работи на Кина

Vecer | 23.03.2021

Кинескиот шеф на дипломатијата: Никој не смее да се меша во внатрешните работи на Кина

Кинескиот министер за надворешни работи, Ванг Ји за време на состанокот со неговиот руски колега, Сергеј Лавров, изјави дека никој не смее да се меша во внатрешните работи на Кина.

Тој рече дека никој не смее да се меша во кинеската политика „измислувајќи лаги и манипулирајќи со неколку западни сили кои не ја претставуваат меѓународната заедница“, објави кинеската медиумска група.

На заедничката прес-конференција по разговорите во Гуилин, во јужна Кина, Ванг повика на соработка со Русија во борбата против пандемијата на коронавирусот и зајакнување на врските.

Ванг исто така апелираше до сите земји да ги преиспитаат основните принципи на Повелбата на ООН и да практикуваат вистински мултилатерализам со цел да се изгради заедница со заедничка иднина за човештвото.

Ванг рече дека санкциите на ЕУ против Кина го кршат меѓународното право, а кинеската влада одлучно го штити државниот суверенитет, безбедноста и интересите за развој.

Првичната намера на Кина да соработува во борбата против Ковид-19 е да развие хуманитарен дух, да овозможи што повеќе луѓе да се вакцинираат и да го извлече општеството од пандемијата, рече Ванг.

Тој додаде дека Кина и Русија истражуваат начини да промовираат заемно признавање на здравствени сертификати за меѓународни патувања.

 

makfax.com.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk