logo
logo
logo

Кинескиот ровер на Марс остава траги за вечноста: Ова се првите фотографии од површината на Црвената планета

Vecer | 11.06.2021

Кинескиот ровер на Марс остава траги за вечноста: Ова се првите фотографии од површината на Црвената планета

Траги оставени во вечноста пред црвеното знаме со пет ѕвезди. Фотографиите испратени од кинескиот ровер „Zhurong“ од Марс во петокот со гордост ја исполнија вселенската агенција и најнаселената земја во светот.

На фотографиите од кинеската вселенска агенција испратени во петокот, соларните панели се распоредени како крилја. Двете камери на врвот на долгата „врата“ личат на две очи, а самиот ровер наликува на птица која позира покрај платформата за слетување.

До минатата недела само САД успешно ги носеа и управуваа со своите ровери на Марс, но сега и Кина е тука со своето прво планетарно летало.

По успешното слетување на роверот „Zhurong“ на Марс во долината „Utopia Planitia“, беа испратени првите фотографии од површината на Црвената планета, објави тогашната кинеска национална вселенска агенција (ЦНСА), што претставува пресвртница за Кина во стекнувањето на статус на вселенска суперсила.

На првата фотографија направена во мај се гледа рампа која што му помогна на роверот да ги постави своите шест тркала на површината на Марс, а на втората фотографија, од перспектива на една од навигационите камери, се прикажани четири соларни панели „Zhurong“ и антена за комуникација.

„Ровер“ забележа и траги од своите шест тркала на земјата на „Црвената планета“. Станува збор за „отпечаток на Кина“ на Марс, според соопштението на вселенската агенција.

Планирано е „Zhurong“, кој во кинеската митологија е името на богот на огнот, тежок 240 килограми, со шест тркала и соларен мотор, да собира примероци од карпи, да ја анализира почвата и атмосферата, да фотографира и да собира географски податоци како дел од претстојна тримесечна мисија.

Кинеската вселенска агенција во петокот објави дека сите „задачи на мисијата на Марс биле извршени непречено, како што било планирано“ и дека опремата во моментов е „во добра состојба“.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk