logo
logo
logo

Кинескиот премиер се сретна со севернокорејскиот колега, повика на зајакнување на соработката

Vecer | 11.10.2025

Кинескиот премиер се сретна со севернокорејскиот колега, повика на зајакнување на соработката

Кинескиот премиер Ли Чијанг на денешната средба со својот севернокорејски колега, Парк Тае-Сонг, изјави дека Пекинг е подготвен да соработува со Пјонгјанг за да го истражи потенцијалот за практична соработка и да го зајакне развојот на двете земји, јавија кинеските медиуми.

Ли потсети дека за време на неодамнешната средба во Пекинг, кинескиот и севернокорејскиот претседател Си Џинпинг и Ким Џонг-Ун постигнаа серија договори за продлабочување на односите меѓу двете земји и нивните комунистички партии, јави новинската агенција Синхуа.

Кинескиот премиер додаде дека Пекинг е подготвен да работи на спроведување на овие договори со цел зајакнување на односите, стратешката комуникација и меѓусебната политичка доверба.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk