logo
logo
logo

Кинеската Централна банка трансакциите со криптовалути ги прогласила за ИЛЕГАЛНИ...

Vecer | 26.09.2021

Кинеската Централна банка трансакциите со криптовалути ги прогласила за ИЛЕГАЛНИ...

Кина издала соопштение дека ќе се пресмета со криптовалутите.

Народната Банка на Кина објавила дека сите трансакции со криптовалитите ги смета за илегални и бара нивно формално откажување. Во изјавата е наведено дека се загрижени поради националната безбедност и безбедноста на имотот на кинеските граѓани.

Банката тврди дека криптовалутите не се фиат валути и неможат да се користат во прометот. Сите трансакции во кои се вклучени и криптовалути се сметаат за криминална финсиска активност. Банката бара од финансиските и интернет компании на своите платформи да прекинат да ги прифаќаат тарансакциите во криптовалити. Исто така ќе бидат забранети и странски сервиси кои ги нудат тие услуги на кинеските резиденти.

Како што се вели во извештајот, оваа одлука е донесена поради зголемен обим на “перење пари“, илегални трансакции, проневера, пирамидални шеми, како и останати криминални активности кои имаат врска со криптовалути.

Сите кои во иднина ќе ја прекршат оваа забрана ќе бидат предмет на истрага.

Покрај Банките, во “гасење“ на криптовалутата вклучени се и некои други државни агенции. Националната комисија за развој и реформи, разработува начин со кој би можело да се запре рударење на криптовалута, додека локалната администрација на провинцијата Сихуан, тоа веќе го направила уште во јуни оваа година – поради што некои од сериозните крипто рудари веќе ја напуштиле државата.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk