logo
logo
logo

Кина ЈА ОБВИНУВА Америка поради истрагата за Корона вирусот, се спомнуваат американски лабаратории!

Vecer | 28.05.2021

Кина ЈА ОБВИНУВА Америка поради истрагата за Корона вирусот, се спомнуваат американски лабаратории!

Кина денеска го критикуваше барањето на американскиот претседател Џо Бајден американските разузнавачки агенции да започнат нова истрага за изворот на корона вирусот, обвинувајќи го Вашингтон дека сака да го политизира ова прашање.

Портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи Џао Лиџијан денес ги обвини САД дека се обидуваат да ја обвинат Кина за пандемијата бранејќи ја неговата земја од сомневањата дека Корона вирусот избегал од лабораторијата како резултат на несреќа.

Тој истакна дека експертите од Светската здравствена организација (СЗО) во февруари заклучија дека претпоставката за вакво „протекување“ на вирусот од лабораторијата е крајно неверојатно.

„Некои во САД замижуваат пред фактите“, рече Џао, додавајќи дека Соединетите држави сакаат да го свртат вниманието од сопствениот „неспособен одговор“ на пандемијата. Тој исто така сугерираше дека изворот на корона вирусот може да бил и лабораторија на американската армија.

„Постојат многу сомнежи во врска со лабораториите во Форт Детрик, а САД имаат повеќе од 200 биолошки лаборатории во светот“, рече тој.

Ако САД побараат од Кина да учествува во целосна истрага, тогаш Кина ќе побара истото од САД односно да дозволи меѓународна истрага.

Аманда Шох, помошник директор на националното разузнавање на САД за стратешки комуникации, објави дека истрагите ќе продолжат „агресивно“, а претходно беше објавено дека некои разузнавачки агенции на САД се поделени околу тоа дали вирусот се проширил од заразени животни на луѓе или „побегнал “од лабораторија.

„Разузнавачките служби не знаат точно каде, кога и како првично бил пренесен вирусот„ ковид-19 “, но се фокусирале на тие две веродостојни сценарија“, соопшти канцеларијата на американскиот директор за национално разузнавање.

„Иако дел разузнавачкките служби се склони кон првото, а дел кон второто сценарио, сепак повеќето агенции во заедницата веруваат дека нема доволно информации за да се процени кое сценарио е поверојатно“, се вели во него.

Американскиот претседател Џо Бајден во средата изјавил дека разузнавачката заедница на САД е поделена околу потеклото на коронавирусот, без разлика дали тој преминал од заразено животно на човек или дали станува збор за лабораториска несреќа. Тој побара продолжување на истрагата за изворот на пандемијата „Ковид-19“.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk