logo
logo
logo

 Кина дупчи дупка длабока 11.100 метри во пустина

Vecer | 02.06.2023

 Кина дупчи дупка длабока 11.100 метри во пустина

Кина буши дупка во пустина длабока 11.100 метри, со цел да ги проучи слоевите...

Операцијата за дупчење започна во вторникот и се наоѓа во северозападниот кинески регион Ксинџијанг.

Сепак, ова нема да биде најдлабоката дупка што човекот ја ископал.

Во моментов рекордот го држи ултрадлабокиот бунар Коља од 1979 година.

Станува збор за советски проект во близина на руската граница со Норвешка, а дупката е длабока 12.262 метри.

„Колку е тешко да се направи дупка со оваа големина значи дека проектот може да се спореди со возење голем камион по две тенки челични жици“, вели Сун Џиншенг, академик од Кинеската академија за инженерство.

Дел од опремата што се користи за дупчење тежи повеќе од 2.000 тони.

Басенот Тарим, каде што се наоѓа дупката, е тешко да се истражи поради комплицираните подземни услови.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk