Ким му одговори на Трамп

По одлуката на американскиот претседател, Доналд Трамп, да ја откаже историската средба со лидерот на Северна Кореја, од Пјонгјанг соопштиле дека Ким Џонг-ун и понатаму е подготвен за средба. Севернокорејската државна агенција КЦНА наведува дека Ким прави големи напори да се одржи средбата со Трамп.

Пјонгјанг оценува дека одлуката на Трамп за откажување на средбата што требаше да се одржи на 12 јуни во Сингапур не е во склад со желбите на светот.

Трамп соопшти дека ја откажува средбата поради отвореното непријателство што го покажала Северна Кореја.

„Многу се радував на средбата со вас. За жал, имајќи го предвид големиот бес и отвореното непријателство изразено во вашите последни соопштенија, сметам дека е невозможно во овој момент да го одржиме долго планираниот состанок“, наведе Трамп.

Тој доде дека самитот е „пропуштена шанса“ и „навистина тажен историски момент“. Трамп му порача на Ким да му се јави или да пише ако го промени ставот.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари