Ким Џонг-ун му подари два тони печурки на претседателот на Јужна Кореја

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун му испрати специјален подарок на неговиот јужнокорејски колега Мун Џае-ин – голема количина од ретките печурки „Мацутаке“, соопштил портпаролот на кабинетот на Мун.

„Додека претседателот и неговата сопруга беа во посета на Северна Кореја, подарокот стигна во воздушната база во Сеул. Станува збор за два тони печурки“, рекол Јон Јунг.

Мун дал инструкции печурките да им се поделат на раздвоените семејства на југот кои не успеале да се сретнат со нивните семејства во Северна Кореја.

„Се надевам дека печурките со мирисот на недопрената Северна Кореја ќе може да им дадат утеха“, навел Мун.

Десетина илјади луѓе сè уште се разделени од своите семејства по крајот на Корејската војна која траеше од 1950 до 1953 година.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари