logo
logo
logo

ШОЛЦ НЕ САКА ДА СЛУШНЕ

Киев не бара само Ф-16, туку сака уште авиони од Берлин: „Имате 93, а се ослободувате од нив!“

Vecer | 29.01.2023

Киев не бара само Ф-16, туку сака уште авиони од Берлин: „Имате 93, а се ослободувате од нив!“

Најмалку десет цивили загинаа, а дваесет се ранети во жестоки руски турканици на исток и напади на други места низ Украина.

Најмалку 10 украински цивили загинаа, а уште 20 се ранети во најновото руско гранатирање. Најмногу настрадаа градовите и селата на истокот и југот на земјата, кои беа во домет на руската артилерија. Шест лица загинаа во областа Доњецк, две лица загинаа во Херсон и две во регионот Харков, јави Асошиетед прес.

Вчера, украинските војници водеа жестоки битки со руските сили за контрола на Вукледар, град југозападно од Доњецк. Руските новински агенции го цитираа шефот на регионот Доњецк, назначен од Москва, Денис Пушилин, кој рекол дека Вуледар наскоро би можел да стане „многу важен успех за нас“.

САД, Германија и Полска се договорија да испратат тенкови во Киев, а украинскиот амбасадор во Франција Вадим Омелченко изјави дека во Украина пристигнуваат вкупно 321 тенк.

Во модерното војување, тенковите беа клучен елемент за офанзивните операции - за пробивање на непријателските линии и за повторно заземање територија. Но, ним им е потребна и артилериска поддршка за прво да ја ослабат таа одбрана, а потоа и пешадиска поддршка за да го задржат заземеното тло.

Хамиш де Бретон-Гордон, поранешен полковник на кралскиот тенковски полк на британската армија, истакнува дека бројките се важни за пробив.

„Оклопна бригада за значителен напад вообичаено би вклучувала најмалку 70 тенкови. Така, повеќе од 100 западни борбени тенкови би можеле да направат голема разлика“, изјави Бретон-Гордон за Би-Би-Си.

Полска ќе испрати дополнителни 60 тенкови во Украина, покрај 14-те тенкови Леопард 2 од германско производство што веќе ги вети.

Велика Британија испраќа 14 тенкови Челинџер и 30 самоодни пушки и оклопни возила во Украина.

САД, исто така, ја снабдуваат Украина со повеќе од 100 оклопни возила Бредли и Страјкер и 31 главни борбени тенкови М1 Абрамс, а Германија со 40 од нејзините пешадиски борбени возила Мардер и 14 тенкови Леопард 2.

"Oтворен ум"

По договорот за испорака на тенкови, Киев го префрли фокусот на борбени авиони. На врвот на неговата листа на желби се авионите Ф-16 и Ф-15, од американско производство. Поголемиот дел од авионите F-15 и F-16 во сопственост на САД се распоредени во други региони, вклучувајќи го и Индо-Пацификот.

Холандија, која планира наскоро да ги замени своите 29 преостанати Ф-16, рече дека ќе ги разгледа сите украински барања „со отворен ум“.

Во септември, Полска подготви план да испрати дел од своите советски авиони МиГ-29 во Украина, но се повлече кога САД рекоа дека нема да учествуваат.

Минатата недела, пак, весникот Dziennik Gazeta Prawna објави дека Полска тајно испратила неколку демонтирани МиГ-29 во Украина како „резервни делови“.

Украина исто така побара од Германија 93 авиони Торнадо, кои треба да бидат заменети со Ф-35 и Еурофајтер.

Канцеларот Олаф Шолц накратко ја отфрли идејата во Бундестагот во средата:

„Јасно кажав дека не се зборува за борбени авиони.“

Дури и ако западните земји решат да ѝ дадат на Украина Ф-16, останува прашањето за надминување на значителни логистички пречки за леталото да биде оперативно.

Обуката може да трае од неколку недели до неколку месеци, во зависност од искуството на пилотот. Следно, Украина ќе треба да одреди како и каде лета со борбениот авион. Ф-15 и Ф-16 бараат долги писти со висок квалитет, што и недостигаат на Украина.

Најголемото тесно грло би можело да бидат сложените системи за одржување. Секојдневното одржување би требало да го вршат техничари во Украина, чија обука би траела неколку месеци. Украина верува дека на нејзините пилоти ќе им треба околу половина година за обука.

Недоволно?

Како и многу други западни оружја доставени до Украина, Ф-16 или тенкови сами по себе нема да го променат текот на војната.

„Самите, не би рекол дека ја менуваат ситуацијата“, изјави за Си-Ен-Ен Тим Свејс, директор за истражување во Хашкиот центар за стратешки студии.

„Тенкови, војници, системи со долг дострел како ХИМАРС, со способност да ги уништат руските радарски системи - во комбинација со Ф-16 - би можеле да и помогнат на Украина да го сврти бранот на војната.“

Како и со германските борбени тенкови Леопард 2, најверојатното сценарио за Ф-16, ако дојде до тоа, е некаква широка европска коалиција, која го намалува политичкиот ризик за која било земја. А бидејќи Ф-16 е американско оружје, се ќе се сведе на мислењето на американската влада која треба да го одобри трансферот на тие авиони.

Тактика на измама: Русите користеле тенкови на надувување

Украинската војска ја обвини Русија дека распоредува тенкови на надувување во областа Запорожје за да ги ангажира Украинците околу лажни цели. Сепак, нивната измама пропадна затоа што тенковите-мамки сами се издувале, објави украинската армија на својот Фејсбук профил.

-Руската армија е позната по таквата практика со децении, пишува Business Insider.

Украинската армија не ја пропушти можноста да се подбива со противниците.

„Додека нашите сојузници ја координираат испораката на вистинските тенкови, непријателот го зголеми присуството на нивните во областа Запорожје. Сепак, се чини дека слободарскиот воздух на козачкиот регион не се совпаѓа со гумените производи на окупаторите, така што се отпуштија без да ја исполнат главната мисија. Исто како храброста на руската армија“, се вели во соопштението на главниот штаб на украинската армија.

Русите не се единствените кои користат такви методи. На почетокот на војната тоа го правеше и Украина за Русија да троши муниција, а позната е и американската „армија на духови“ чија цел беше да ги заплаши нацистите.

Извор: Јутарњи

Фото: Panavia Tornado, пинтерест

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk