Киев ја предупреди Москва: Ќе испратиме воени бродови

Министерството за одбрана на Украина ја предупреди Русија дека ќе испрати воени бродови низ теснецот Керч, во кој Русија заплени три украински брода.

Министерот за одбрана, Степан Полторак, изјави дека неговата земја има намера да испрати воени бродови во теснецот Керч, наведувајќи дека во спротивно Русија во целост ќе го окупира Азовското Море.

„Денеска на двете страни на теснецот се наоѓаат околу 140 бродови поради безбедносни мерки и одлагања од руска страна“, соопшти Украинската крајбежна стража обвинувајќи ја Русија дека создава тесно грло за украинските бродови и ги спречува да поминат.

Украина има свои пристаништа и во Црното и во Азовското Море, кои се поврзани со теснецот Керч.

Министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров, денеска рече дека Москва ќе биде подготвена да разговара за судбината на екипажот на украинските воени бродови кои Русија ги заплени дури откако ќе заврши нивното судење.

САД и ЕУ ја повикаа Русија да ги ослободи 24 украински војници кои ги уапси на 25 ноември во теснецот Керч под обвинение дека нелегално влегле во руските територијални води.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари