Киднапиран најмладиот африкански милијардер

Мохамед Девџи, за кој се вели дека е најмладиот милијардер во Африка, бил киднапиран од страна на маскирани и вооружени лица од пред салата за вежбање на хотел во Дар-ес-Салам, најголемиот град во Танзанија, соопшти локалната полиција, а пренесе Би-би-си.

Четириесет и тригодишниот Мохамед бил киднапиран во утринските часови кога започнал со своето рутинско вежбање.

Три лица се уапсени под сомнение за заговор за киднапирање, од кои двајца се странски државјани, информира полицијата.

Мотивот за киднапирање на Девџи останува непознат.

Финансискиот магазин „Форбс“ проценува дека богатството на Девџи изнесува 1,5 милијарди долари и го опишува како единствениот милијардер во Танзанија, а во извештајот од 2017. и како најмлад милијардер во Африка.

Неговата компанија METL работи со производство на текстил, продажба на алкохолни пијалаци и масло за јадење, а располага и со мелници за брашно во најмалку шест африкански земји, пишува Би-би-си.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари