logo
logo
logo

Холандски болници поради Covid-19 ги одложуваат хемотерапиите и трансплантациите

Vecer | 25.11.2021

Холандски болници поради Covid-19 ги одложуваат хемотерапиите и трансплантациите

Некои болници во Холандија ги запреле третманите за лекување со хемотерапија и транспантациите на органи за да ги ослободат болничките кревети на одделите за интензивна нега за растечкиот број пациенти заболени од Covid-19, соопштија здравствените власти во четвртокот.

Здружението на холандските болници за витална нега соопшти дека барало од министерот за здравство Хуго де Јонг да разработи национален план за Covid-19, според кој регуларната грижа којашто бара ноќевање во болница би била откажана.

Бројот на пациентите заразени со коронавирусот во холандските болници се зголемил на рекордни нивоа незабележани од мај, а стручњаците предупредуваат дека болниците ќе ги исполнат своите капацитети за една седмица доколу ширењето на вирусот не биде стивнато. Оваа седмица неколку пациенти со Covid-19 веќе се префрлен во болници во Германија.

Реагирајќи на рекордни стапки на коронаинфекциите, водечкиот владин тим за управување со епидемијата во средата вечерта одржа итен состанок од кој заклучоците и веројатно новите мерки за „затворање“ ќе бидат соопштени во петок.

Иако 85 отсто од возрасната холандска популација во целост се вакцинирани против Covid-19, новите случаи на заразите се на рекордно ниво со 23.709 во последните 24 часа во четвртокот и се во пораст од речиси 40 отсто на седмично ниво.

„Во неколку региони болниците го намалуваат обемот на негата. Зборуваме за нега за којашто е потребен кревет. Тоа значи дека се откажуваат многу термини“, изјави портпаролот на здружението на болниците.

Според новата фаза од кризниот одговор, болниците исто така би можеле да бараат помош од воениот персонал и од студентите по медицина за негата на пациентите.

По укинувњето на повеќето мерки за социјално дистанцирање кон крајот на септември, холандската влада во ноември повторни ја воведе обврската за носење маски и делумно „затворање“, кое се однесува во прв ред на кафулињата и рестораните кои затвораат во 20 часот.

Владиниот план да се забрани пристапот до јавните места за невакцинираните предизвика изминатиот викенд три ноќи со ред насилни протести ширум Холандија при што беа уапсени повеќе од 170 лица.

Холандија, со 17,5 милиони жители, од почетокот на епидемијата пријави повеќе од 2,5 милиони случаи на зараза со коронавирусот и повеќе од 19.000 смртни исходи.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk