logo
logo
logo

Холандија најави испраќање на системи „Патриот“ во Украина

Vecer | 17.01.2023

Холандија најави испраќање на системи „Патриот“ во Украина

Руте моментално е во Вашингтон, каде што се сретна со американскиот претседател Џо Бајден. Руте најави дека ќе учествува во американско-германската иницијатива за испраќање одбранбени системи во Украина.

Холандскиот премиер потврди дека претходно телефонски разговарал за одлуката со германскиот канцелар Олаф Шолц и со украинскиот претседател Володимир Зеленски. „Мислам дека е важно да се приклучиме и утрово разговарав за тоа со Олаф Шолц од Германија“, рече Руте за време на средбата со Бајден.

Пред почетокот на средбата во Белата куќа, Бајден нагласи дека со нетрпение очекува да разговара за начините за зајакнување на синџирот на снабдување. Американскиот лидер, исто така, му се заблагодари на Руте што е „многу цврст“ во поддршката на Украина. Руте повтори дека Холандија одлучила да потроши дополнителни 2,5 милијарди евра за поддршка за Украина, која холандската влада веќе претходно ја најави.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk