logo
logo
logo

Хеликоптерот кој се користи и за превоз на Путин се урнал при слетување

Vecer | 28.01.2023

Хеликоптерот кој се користи и за превоз на Путин се урнал при слетување

Хеликоптер Мил Ми-8 удри во земја при слетување на меѓународниот аеродром Внуково, во близина на главниот град на Русија, во петокот, објави руската државна новинска агенција Интерфакс.

Авијациското издание „Aerotime Hub “објави дека хеликоптерот му припаѓал на рускиот специјален одред, кој управува со летала што се користат за транспорт на руски владини претставници.

Извор од аеродромот вели дека нема повредени во инцидентот.

„За време на слетувањето хеликоптерот го фатил пропелерот на земја и бил оштетен делот од опашката“, изјави извор од аеродромот.

Рускиот телеграм канал „Mash “објави слика на која наводно се гледа хеликоптер со зборовите „Русија“ на него и очигледно отсечени лопатки на роторот на опашката.

„Според нашите информации, станува збор за „Mi-8MTV-1“, произведен во 2013 година, кој може да превезе 22 патници“, пишува на Телеграм.

Хеликоптери често го транспортираат Путин низ Русија, дополнувајќи ја неговата флота од „Ил-96“ и други авиони.

Интерфакс соопшти дека тешкото слетување би можело да биде предизвикано од лошо време или дефект на опремата. Украинската новинска агенција „Украинска правда“ објави дека се работи за пилотска грешка.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk