Хебстрајт:Германија го честита чекорот напред за поставување на односите Белград -Приштина

„Сега се работи за преземање на водството за одржување и спроведување на договореното“, напиша тој на Твитер.
Хебстрајт посочи дека Германија ќе биде со Белград и Приштина за да се исполни европската перспектива.
„Ви честитам на овој исчекор за поставување на односите меѓу Србија и Косово на нова основа. Сега се работи за преземање на водечката улога за одржување и спроведување на договореното. Ќе бидеме со вас за да ја исполниме вашата европска перспектива“, напиша тој.