Лидерот на политбирото на Хамас, Исмаил Ханија, тврди дека официјалните лица во преговорите со Израел, преку посредници, се „блиску до постигнување договор за примирје“ во војната во Газа, се наведува во соопштението што го лиферуваше неговиот помошник од Доха.
Во соопштението, објавено на каналот Телеграм, не се дадени повеќе детали за договорот, но официјален претставник на Хамас изјави за „Ал Џезира“ дека преговорите се фокусирани на тоа колку долго ќе трае примирјето, аранжманите за испорака на помош во Газа и размената на израелски заложници за палестинските затвореници во Израел. /МИА
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата