Каталонските лидери одбиле да го пречекаат кралот Филип

Градоначалничката на Барселона, Ада Колау, и претседателот на каталонскиот парламент, Рожер Торент, одбиле да го дочекаат кралот Филип Четврти на приемот во негова чест. Кралот пристигнал во Барселона за да го отвори саемот за технологија World Mobile Congress, а Колау и Торент пристигнале на приемот подоцна и така избегнале да го пречекаат шпанскиот крал.

„Објавивме дека нема да учествуваме на приемот на кралот бидејќи институционален прием е една работа, а послушноста е сосема друга“, изјавила Колау за новинарите.

Според нејзините зборови, улогата на кралот по 1 октомври, кога беше одржан референдум за независност на шпанската покраина, била неочекувана бидејќи тој не се дистанцирал од полемиките. Шпанската влада ја нарече неодговорната одлука на каталонските функционери и оцени дека нивниот гест ќе придонесе за поделби во општеството.

На приемот кралот Филип Четврти одржа говор за речиси 200 гости, кои ги поздравил со топло добредојде „во Шпанија, Каталонија и светскиот град Барселона“. Според шпанскиот весник „Паис“, Колау аплаудирала на овие негови зборови, а Торент останал воздржан.

Исто така, се вели дека ова е првпат шпанскиот крал да ја посети Барселона од август минатата година кога учествуваше на собирот организиран во чест на жртвите на терористичките напади во Барселона.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари