logo
logo
logo

Кардинал од германската католичка црква поднел ОСТАВКА поради скандалите со СЕКСУАЛНИ ЗЛОСТАВУВАЊА!

Vecer | 04.06.2021

Кардинал од германската католичка црква поднел ОСТАВКА поради скандалите со СЕКСУАЛНИ ЗЛОСТАВУВАЊА!

Водачот на Германската бискупија, кардиналот Рајнхард Маркс, во петокот ја понуди својата оставка, велејќи дека тој мора „да преземе одговорност за катастрофата со сексуални злоставувања во свештенството“

Неговата оставка, која папата Франциск допрва треба да ја прифати, доаѓа во време на растечки германски гнев поради сексуалните злоставувања извршени од свештенството, пренесува Ројтерс.

Папата минатата недела испрати двајца странски епископи во Келнската надбискупија, најголемиот во Германија, да испитаат како реагирала на случаите на злоупотреба.

„Морам да ја споделам одговорноста за катастрофата со сексуални злоставувања во редовите на свештенството во последниве години“, напиша Маркс, надбискуп во Минхен, додавајќи дека се надева дека неговото заминување ќе отвори простор за нов почеток.

Маркс исто така рече дека папата Франциск го замолил да остане на функцијата се додека не одлучи дали ќе ја прифати неговата оставка.

На почетокот на оваа недела, папата ја направи најголемата ревизија на црковниот закон во последните четири децении, засилувајќи ги мерките против свештениците кои злоупотребуваат малолетни лица и прават измами.

Ревизијата, која е во тек од 2009 година и ја започна последниот папа Бенедикт XIV, се однесува на Шестата книга од канонското право, која се состои од 1750 члена. Ова е најголемата ревизија на казнениот законик од неговото потпишување во 1983 година од папата Јован Павле Втори.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk