logo
logo
logo

Карантин за Подгорица и уште неколку градови во Црна Гора 

Vecer | 28.02.2021

Карантин за Подгорица и уште неколку градови во Црна Гора 

Комисијата за заштита на населението од Ковид-19 на предлог на Институтот за јавно здравје, денеска донесе нови мерки.

Според нив, неколку градови во Црна Гора ќе бидат во карантин, вклучувајќи ги Подгорица, Цетиње и Херцег Нови.

Како што беше соопштено, забраната ќе стапи на сила во вторник, на 2 март, а покрај мерките што продолжуваат да важат во општините Будва и Тиват, на граѓаните ќе им биде забрането да ги напуштаат и териториите на Подгорица, Цетиње, Улцињ, Херцег Нови, Никшиќ и Плужине, пренесува „Вијести“. Целосно забранета ќе биде работата на угостителските објекти.

Овие мерки ги ослободуваат оние граѓани кои го напуштаат градот поради редовни работни задачи и врз основа на потврда на работодавачот, понатаму лицата кои одат на преглед со медицинска документација или се грижат за лица кои не можат да се грижат за себе поради болест или повреда.

Ослободени се и студентите кои патуваат од своето место на живеење до седиштето на високообразовната установа, врз основа на потврда на таа институција, односно уредно пополнетиот и заверен индекс.

 

makfax.com.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk