logo
logo
logo

Канадската влада разочарана од одлуката на Трамп да воведе царини од 35 проценти

Vecer | 01.08.2025

Канадската влада разочарана од одлуката на Трамп да воведе царини од 35 проценти

-Иако канадската влада е разочарана од оваа акција, ние остануваме посветени на КУСМА, што е втор најголем договор за слободна трговија во светот според обемот на трговијата, напиша тој на неговиот „X“ профил.

КУСМА е договор за слободна трговија меѓу Канада, САД и Мексико, кој стапи на сила на 1 јули 2020 година и го замени Северноамериканскиот договор за слободна трговија (НАФТА).

Тарифите на САД, додаде тој, ќе ги погодат силно канадските сектори како што се автомобилската индустрија, преработката на дрво, челикот и алуминиумот.

-Канадската влада ќе дејствува за да ги заштити работните места, да инвестира во нашата индустриска конкурентност, да купува канадски стоки и да ги диверзифицира нашите извозни пазари, напиша тој.

САД ја оправдуваат својата одлука со наводниот неуспех на Канада да го спречи шверцот со фентанил.

-Канадската влада прави историски инвестиции во граничната безбедност за апсење на трговци со дрога, разбивање на транснационални банди и ставање крај на шверцот со мигранти. Ова вклучува илјадници нови гранични службеници, воздушно набљудување, разузнавачки и безбедносни операции и најсилното гранично законодавство во нашата историја. Ќе продолжиме да соработуваме со САД за да го запреме злото на фентанилот и да спасиме животи во двете наши земји, рече Карни. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk